Пребарувај по датум:
2014-06-03

ПРВ ДО ВРВ

По повод третиот роденден на Жичницата Милениумски крст, во соработка со Јавното сообраќајно претпријатије концесионер на самата жичара, градот Скопје, Атлетската федерација и Велосипедската федерација, е предвидено оджување на трки долж патеката на планината Водно.

На Црвениот крст на град Скопје ова година и е доверена улогата за безбедноста на самите учесници. На самиот настан тимови составени од волонтери на Црвениот крст на град Скопје поделени на тимови ке се погрижат целиот настан да помине во најдобар ред. Настанот беше поделен на 2 дела: • Крводарителска акција • Обезбедување на самите трки Крводарителската акција се спроведе во просториите на Дневниот центар за дарување крв при ДХО Даре Џамбаз на 31.05.2014. Волонтери од Црвениот крст на град Скопје, Клуб 25 ке бидат лоцирани на плоштад Македонија од каде ке ги упатуват потенцијалните дарители кон проосториите на Центарот за дарување на крв при ЦКГС. Централниот настан се оджа на први јуни на кои зедоа учество повеке од 2000 учесници,професионалци, рекреативци, љубители на природата идр. ТОК зеде учество со 10 волонтери кои беа ангажирани околу безбедноста на самите учесници. Волонтерите на ТОК беа потпомогнати од членовите на ТСП кои ја обезбедуваа планинарската патека и беа во координација со Тимовите кои ја обезбедува натпреварувачката патека и самиот пункт кој е воедно и прифатен центар.Манифестацијата заврши без сериозна интервенција. 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.