2025-06-17
Прошетка во Струмица
На 13 јуни е реализираше посета на Дневниот престој за стари лица за активно стареење во с. Турново – Струмица од страна на корисниците од Дневниот престо јза стари лица за активно стареење од Центар и од Чаир.
Покрај посетата на Дневниот престој, се посетија Колешински и Габровски водопади и Мокрински извори, места кои изобилуваат со природна убавина и чист воздух.
Корисниците уживаа во заедничкото дружење, стекнување на нови познанства и ширење на позитивна енергија.
Ваквите услуги кои се овозможени од страна на Министерство за социјална политика, демографија и млади допринесуваат за промовирање на активното стареење како начин на живот и подобрување на квалитетот на живот на лицата во трето доба.