2017-11-07
Прошетка на Водно
Во рамките на проектот за поддршка и социјализација на лица со посебни потреби поддржан од Комерцијална банка, а во соработка со ЈСП Скопје, се организираше еднодневна екскурзија.
Лицата со церебрална парализа кои го посетуваат центарот во Капиштец уживаа во убавините и чистиот воздух на Водно, а посебно доживување за нив беше возењето на жичарата заедно со волонтерите од Клуб на млади. Есенското сонце и звуците на гитарата беа причина плус за нивна среќа и многу насмевки.