2022-09-19
Прошетка и вежбање Чиконг вежби на Кањон Матка
Корисниците од трите дневни центри за стари лица од социјалниот сервис ‘’Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови’’ при Црвен крст на град Скопје на 13ти септември го искористија своето слободно време за прошетка и вежбање на Чиконг вежби на Кањон Матка.
Звуците на реката и шумот на природата придонесоа Чиконг вежбите да се изведат во вистинско опуштање и една релаксирана прошетка каде сите заеднички покажаа дека секој ден е убав доколку времето се поминува со позитивна енергија и со пријателите.
Овие активности имаат особено значење за лицата во трето доба во насока и промовирање на активно и здраво стареење.