Промовирање на организацијата
Со цел подобро промовирање на организацијата, мисијата и активностите вршиме дисеминација на различни целни групи организирани на различни начини.
15 членови на подмладокот на Ротари клубот од Скопје се запознаа со организијата преку презентација за дисеминација и беа разгледуваани можности за заедничко дејствување согласно мисијата на двете организации.
80 стари лица, корисници на Дневниот центар за стари лица кој е поддржан од страна на градот Скопје, исто така добија презентација за организацијата, почетоците, информации за основачот на Движењето на Црвен крст и Црвената полумесечина како и потеклото на амблемот кој го користиме.
На крајот на дружењето група Серенада им го разубави престојот во дневниот центар со серенадите кои повеќето стари лица ги знаеја и ги пееја.