Промовиран првиот фестивалски краткометражен анимиран филм на Црвен крст на Град Скопје„10 REASONS WHY I VOLUNTEER IN THE RED CROSS“
На 10.07.2015г. во Клубот ГЕМ(Менада) се промовираше првиот фестивалски краткометражен анимиран филм на Црвен крст на град Скопје изработен од страна на тројца волонтери од програмата Грижа за стари лица на Црвен крст на град Скопје.
Овие тројца волонтери: Симона Неделковска, Един Халим и Никола Блажевски, под менторство на стручниот соработник Катерина Јанковска во 2014 година учествуваа на работилница за изработка на анимирани филмови на интернационално училиште во Врање, Србија каде учество покрај Македонија земаа и Израел, Америка, Србија и Бугарија. Младите тука научија како да изработат анимиран филм дикретно од светски познати анимтори кои работат за Дизни анимации и претставници на организацијата на Светски аниматори.
Стекнатите вештините волотнерите на ЦКГС ги искористија за изработка на анимиран филм кој ќе помогне во иднина да ја промовира организацијата и на тој начин да се привлекуваат нови волонтери. На прмоцијата присуствуваа повеќе од 60 посетители кои дадоа поддршка на настанот.
Со овој филм Црвен крст на град Скопје ќе учествува на Интернационален фестивал на анимирани филмови.