Пребарувај по датум:
2021-03-19

Промоција на хигиена и контрола и заштита од COVID19

Во рамките на проектот “Промоција на хигиена и контрола и заштита од COVID19” вотекот на месец март, беа спроведени три работилници и тоа во СУГСГ “Раде Јовчевски-Корчагин”, ООУ “Кирил и Методиј”-Стајковци и со волонтерите од Клуб на млади на Град Скопје.

Во време на пандемија, особено е важно хигиената да биде на највисоко ниво и истата дабиде практикувана и да се одржувана на правилен начин. За спречување на ширењето наCOVID19 покрај одржување на хигената, потребно е и правилно носење на заштитнамаска, дезинфекција на рацете и секако одржување на дистанца. Едукатор напредавањата беше нашиот волонтер Кристина Георгиевска.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.