Програмскo собрание на Црвен крст на град Скопје
Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија Fond Na Holokaustot, се одржа 5-та седница на Собранието на Црвен крст на град Скопје. На истата се разледуваше и усвои програмата и буџетот за работа на Организацијата за 2020 година. Седницата беше збогатена со настап на учениците од ДМБУЦ Илија Н. Луј, а свое обраќање- мотивациски говори имаа дел од волонтерите вклучени во различни програмски активности на Црвен крст на град Скопје. Своја презентација имаа и госите од ЦК Телемарк- Норвешки Црвен крст Telemark Røde Kors, наши партнери во Твининг програмата.
Во свеченот дел на Собранието, доделени беа признанија за поединци и нституции кои со својата поддршка придонесоа во остварување на целите и мисијата на Црвен крст на град Скопје.
Доделени беа награди и признанија за најуспешните поединци и организации на полето промоција и унапредување на крводарителството во град Скопје за минатата 2018 година, а наградени беа:
Асани Ајрис- крводарител со најмногу евидентирани дарувања, Кристијан Грамов– млади крводарител со постигнати најдобри резултати (број на дарувања), Јованка Муратовска- крводарителка со најголем број евидентирања крводарувања, Благоја Тренковски- најуспешен мотиватор на територија на град Скопје, Интернационален Балкански Универзитет- образовна институција со најдобри резултати и Македонски телеком-работна организација со најдобри резултати на полето крводарителство. Признание за реализација на годишниот план за крводарителство доби и Црвен Крст на РСМ ОО Кисела Вода.