ПРОГРАМА ЗА МИГРАЦИИ – ,,ХУМАНИТАРЕН АСПЕКТ НА МЕШАНИ МИГРАЦИСКИ ТЕКОВИ“
Оваа недела, од 3-7 октомври, Црвениот крст на град Скопје за прв пат организира активност Програма за миграции – Хуманитарен аспект на мешани миграциски текови во Центарот за едукација – Солферино, Струга.
Млади од нашата држава имаат можност да се надоградат и стекнат со активни знаења од полето на миграциите и миграциските текови т.е. хуманитарната итност која тие ја инциираат. На истата присуствуваат волонтери од соседните Национални Друштва- Црвен крст на Србија и Црвен крст на Црна Гора.
Во реализација на агендата се вклучени соработниците на Црвениот крст и тоа: МТСП, ЦУК, IOM, UNHCR, MYLA, универзитетски професори и меѓународни експерти од областа.
На 04 октомври, свое обраќање и активна дискусија реализираа Министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовски, Генералниот Секретар на Црвен крст на РСМ – Саит Саити и Деканот на Факултетот за Безбедност – Никола Дујовски.
Програмот е поддржан и финансиран од страна на Швајцарскиот Црвен крст и Швајцарската Агенција за Развој преку Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.