Пребарувај по датум:
2010-04-26

Професионалност и високи етички норми на др. Јован Крстевски во служба на хуманоста

Поради итноста и неодложноста на случај детектиран со здравствената состојба на бездомник, тимот кој го вод пунктот за бездомници во текот на денешниот ден интервенираше во овој исклучително тежок случај.

Пациентот е затечен во многу лоши услови за живот (сместен во лимена гаража -импровизиран дом), и во многу тешка здравствена состојба. Поради тешката состојба со веќе видлива и прогресивна гангрена, лекарот од пунктот веднаш го сместил пациентот во возилото на Црвен крст и истиот е однесен во самиот пункт. По укажувањето на помош, бездомникот е избањат и веднаш префрлен на клинички центар од каде е одбиено да го згрижат. Др. Јован лекар од пунктот алрмиран од сериозноста на компликациите го префрла пациентот во Градската општа болница каде бездомникот добива преврска.

Благодарение на професионалната и високо етичка норма на др. Јован, лицето ги доби основните лекарски потреби, а за неговата понатамошна состојба алармирани е Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.