Проектот ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА СТАРИ ЛИЦА И ЦЕНТАР ЗА ДАВАЊЕ ПОМОШ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ презентиран пред Универзитет Трето Доба
На 21 септември во просториите на Филозофскиот факултет во Скопје, пред челновите на Универзитетот Трето Доба, uni беше презентиран проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“.
Во времетраење од час и половина, присутните имаа можност да се запознаат со историјатот на проектот, организациониот концепт и услугите кои ги нуди проектот. На презентацијата присуствуваа повеќе од 60 членови на Универзитетот ,а своја активна улога во презентирањето земаа претсавници на тимот на проектот од ЦК од секој сегметн на проектот.
Така, социјалниот рабонитк, медицинската сестра, двајцата волонтери и проектот асистентот ги споделија досегашните искуства и знаења.
Соработката помеѓу проектот и Универзитетот Трето Доба со овој чекор остави простор за проширување на заедничките активности кои во иднина би биле дел од активностите на Дневниот центар.