Пребарувај по датум:
2020-09-24

Проект ,,Водач во болница”

Водени од идентификуваната потреба за дополнителна помош и поддршка во услови кога се неопходни болнички усуги, како и дополнителна помош за блиски на пациентите, Црвен крст на Република Северна Македонија – Црвен крст на град Скопје во соработка со Министерство за здравство на РСМ иницираа заеднички проект ,, Водaч во болница “ . Истиот започна со реализација во октомври 2019 г. со привремена пауза заради состојбата со Ковид – 19, а од 15.09.2020 г. повторно започна да функционира на истите локации и тоа УК за Радиологија, УК за Гинекологија и акушерство, УК за Хируршки болести/Ургентно, УК за Кардиологија, УК за детски болести – Скопје и УК за Интерни болести. На овие клиники, 9 волонтери од Црвен крст на град Скопје се достапни за информирање на граѓаните и поддршка за нивно полесно снаоѓање во комплексот во период од 8:30 – 12:00 часот.

Волонтерите кои се препознаени по униформата и амблемот на Црвен крст, изминатиот период помогнаa на 20 000 граѓани , а нивните позитивните реакции им се дополнителен поттик за понатаму успешно и посветено да ја извршуваат својата работа.

Реализацијата на проектот е поддржана од Алкалоид ад Скопје.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.