Проект ,,Водач во болница“
Водени од идејата за потребата од дополнителна помош и поддршка во услови кога се неопходни болнички услуги како и дополнителна помош за блиски на пациентите, Црвен крст на Република Северна Македонија – Црвен крст на град Скопје во соработка со Министерство за здравство на Република Северна Македонија иницираа заеднички проект ,, Водич во болница “.
Истиот започна со реализација во октомври 2019 г. со привремена пауза заради состојбата со Ковид – 19 за да од 15.09.2020 г. повторно започне да функционира на истите локации и тоа УК за Гинекологија и акушерство, УК за хируршки болести/Ургентно, УК за Кардиологија, УК за детски болести – Скопје и УК за интерни болести. Вкупно 9 волонтери на Црвен крст на град Скопје во период од 8:30 – 12:00 часот се достапни за информирање на граѓаните и поддршка за нивно полесно снаоѓање во болничкиот комплекс.
Волонтерите кои се препознаени по униформата и амблемот на Црвен крст изминатите два месеци помогнаа на вкупно 4.740 граѓани.
Позитивните реакции на граѓаните им се дополнителен поттик за понатамошно успешно и посветено извршување на нивната а со тоа и нашата работа.
Реализацијата на проектот е поддржана од Алкалоид ад Скопје.