Проект „Оброк за сите“
Црвениот крст на РМ, преку Црвен крст на град Скопје е партнер на здружението „Ајде Македонија“ во имплементација на проектот „Оброк за сите“, финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој.
Во изминатиот период, беше остварена тесна соработка и координација со претставници на здружението „Ајде Македонија“ и пилотиран беше моделот за дистрибуција на прехранбени пакети до социјално загрозените граѓани во Скопје, Куманово и Прилеп (10 семејства од Скопје и по 5 семејства од Прилеп и Куманово). Исто така волонтерите на Црвен крст, двапати во неделата дистрибуираат топол оброк за 10 стари лица во нивните домови, како и оброци за 50 бездомни лица во Пунктот за бездомници во Момин Поток. Храната е свежо подготвена во Здружението за деца со посебни потреби Дама- ел.
Во наредниот период ќе се реализира студиска посета во Р.Србија, со цел да се споделат надворешни искуства од Црвен крст на Србија, кои имаат повеќегодишно искуство со спроведување на ваква програма за обезбедување на топол оброк преку Народна кујна за ранливи лица со социјален ризик.