Пребарувај по датум:
2023-10-02

Продолжува соработката со општина Ѓорче Петров за бесплатен превоз за стари и немоќни лица

Во соработка со општина Ѓорче Петров, сите болни, немоќни, лица со попреченост или социјално загрозени лица може се уште бесплатно да бидат транспортирани до здравствените установи, доколку имаат претходно закажан термин за преглед, а не се во можност сами да си обезбедат превоз.

Со санитетските возила на Црвениот крст секојдневно се транспортираат лица од Ѓорче Петров кои имаат потреба од помош.

Граѓаните од оваа општина, кои ги исполнуваат критериумите и имаат потреба од превоз може да се јават на телефонски број 02/15330 во контакт центарот на Црвен крст секој ден во текот на 24 часа. Термин за превоз се закажува минимум 24 часа однапред, по принципот прв дојден-прв услужен. Транспортот се врши во работни денови од 8 до 16 часот.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.