Пребарувај по датум:
2018-12-05

Признание за ЦКА-ПХВ програмата

Признание за ЦКА-ПХВ програмата

Националната алатка за регрутирање и задржување на волонтери во редовите на организацијата, ЦКА-ПХВ програма вчера доби посебно признание и уважување од страна на страна на ЦИВИКА мобилитас тимот. Резултатите на програмата беа презентирани за време на средбата на вмрежување на која учествуваа сите досегашни грантисти на ЦИВИКА во период 2015-2018. Признанието беше врачено од страна на Швајцарската амбасадорка во земја, г-ѓа Сибил Тејада. Црвен крст е една од 10-те органиции кои го добија признанието за постигнати резултати во рамки на 4-годишното работење на ЦИВИКА од 2015 до 2018 година.
Со нивна поддршка во 2016 година беа изработени 184 мали прокети и беа помогнати околу 3.800 лица од страна на 1.300 младинци. 
Во изминатите 4 години од страна на ЦИВИКА Мобилитас а преку МЦМС, 198 организации добија финансиска поддршка за реализација на своите активности и планови.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.