2018-06-29
Презентација на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид
Во рамките на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид на 27 Јуни 2018 година во период од 12:30 – 13:30, претставник од Центарот оддржа презентација за работата и активностите на Центарот со подетално објаснување за секоја активност посебно како и услугите кои ги нуди Центарот. Презентацијата беше наменета за соработниците од УЈИЕ и делегатот од ЛЦИФ. На презентацијата активно учество зедоа три корисници кои го споделија своето искуство стекнато во Центарот како и сопствените мислења за поддршката која ја нуди Центарот.
Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се спроведува во рамките на проектот “УСАИД и ЛИЦИФ за деца со оштетен вид”.