Превенцијата директно до домовите на старите лица – Соработка помеѓу Црвен крст на град Скопје и Државна Лотарија на РСМ
Тимовите на Црвен крст на град Скопје во изминатиот период реализираа дистрибуција на средства за дезинфекција и заштита од КОВИД-19 за околу 2000 стари лица, донација од Државна Лотарија на Република Северна Македонија.
Сетовите со содржина на маски, ракавици, средтва за дезинфекција на раце и повришини директно беа доставени до старите лица кои реализираа директен контакт до службите на ЦК и кои претходно беа евидентирани како ранливи категории на возрасни лица, а во рамките на социјалниот сервис ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“.
Дел од донацијата се достави до ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина 13 Ноември Скопје – Дом Мајка Тереза. Штитениците на Мајка Тереза од тимовите на ЦК добија и свежо цвеќе за добро располежение.