Преку Прва помош до насмевски
Во рамки на Државниот натпревар по Прва помош чиј домаќин беше Општинската организација на Црвен крст Карпош, Црвен крст на град Скопје претстави дел од активностите на организацијата преку кои допревме до нашите сограѓани. Пред минувачите и посетителите на настанот, претставени и промовирани беа првата помош како животоспасувачка вештин преку демонстрирање-укажување на прва помош на реалистично прикажани повреди, Здравствено-превентивната дејност и услугата/сервисот за помош на стари и немоќни лица со бесплатно мерење на шеќер и крвен притисок и здравствени совети, делење на промотивен материјал од здравствено-превентивен карактер за стари лица, Центарот за ментално здравје како и услугата ИТНО КОПЧЕ и Итен транспорт.
Дистрибуирани беа промотивни материјали, а минувачите добија информација за услугите и сервисите, како и можностите за користење на истите.
На промотивниот настан, доделени беа ранчиња со училишен прибор за деца од Коалиција Менуваме, донација на финансиско друштво Финмак ДОО Скопје.