„Преку култура до соживот“
Центарот за поддршка на лица со оштетен вид на Црвен крст на град Скопје во периодот од 30.09 до 21.10.2017 година активно се вклучи во проектот „Преку култура до соживот“ спроведен од Општинската организација на Црвен крст Центар. Проектот беше поддржан од Балканската платформа за младинско учество и дијалог и НВО АЛДА и имаше за цел да ги запознае малку повеќе младите за културата и различностите кои ја карактеризираат општина Центар. Во проектот активно се вклучија 3 корисници од Центарот за поддршка за лица со оштетен вид на Црвен крст на град Скопје, учество земаа и младите од Клуб на млади на Црвен крст на РМ – Општинска организација Центар и Здружението за лица со телесен хендикеп „Мобилност“ – Скопје. Сите тие заедно учествуваа на работилница за комуникациски вештини, тимска работа и меѓусебно разбирање, работилница за фотографија и креативна уметничка работилница.