Пребарувај по датум:
2012-04-18

ПРЕДПРАЗНИЧНО ДРУЖЕЊЕ

Согласно планот за активности од проектот за социјализација на деца и млади со посебни потреби (поддржан од Комерцијална банка) , клубот на млади, во изминатиов период, реализираше неколку креативни работилници.

На заедничко дружење бевме присутни во центарот за лица со церебрална парализа Капиштец, каде волонтерите заедно со штитениците од центарот изработуваа првоаприлски маски.
Во пресрет на велигденските празници реализирани беа уште две работилници и тоа во центарот Капиштец и дневниот центар за лица со интелектуална пореченост Железара.
На овие работилници се изработуваа велигденски украси, се боеја велигденски јајца и се декорираа украсни предмети кои асоцираат на празникот.
Велигденска работилница за боење и украсување на јајца беше реализирана и во дневниот центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА.
Средбите поминаа во убава и пријатна атмосфера, а волонтерите беа поттикнати за уште многу активности со овие целни групи.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.