2012-01-09
Предновогодишна средба со згрижувачките семејства
Во пресрет на новогодишните праници Црвениот крст на град Скопје реализираше повеќе хуманитарни активности,
донации за повеќе целни групи со цел да внесеме радост и топлина во секој дом.
На 26.12.2011 година во просториите на ДХО Даре Џамбаз (сала 1) се реализираше средба на Министерот за труд и социјална политика и претставници од Црвен крст со згижувачките семејства на територија на град Скопје.
На средбата им изразивме благодарност на овие семејства за нивната хуманист и грижа за децата без родителска грижа кои се сместени во нивните семејства.
Црвениот крст обезбеди донација во храна и хигиенски пакет за секое семејство кои беа доделени на самата средба.