2019-12-20
Предновогодишна филанторпија
Црвен крст на град Скопје дава поддршка на различни категории на лица во ризик, во текот на целата година а тоа поздразбира и поддршка за време на празниците. Одредени активности се посветени на самохраните родителите и нивните деца, кои имаат потреба од помош. За оваа целна група Alegra Јога организираше набавка на новогодишни пакетичиња и подароци преку што се помогнаа 37 лица од кои 22 деца и 15 самохрани родители. Сите семејства учествуваа во празничка фотосесија организирана од страна на донаторот, а на заедничката дружба истите ги добија и во принтана верзија.
Добро е кога поединците се здружуваат и помагат.