Предновогодишен настан „Да споделиме радост“
Како дел од заедничка хуманитарна акција на Црвен крст и ЕВН Македонија „Да споделиме радост“
Црвениот крст на град Скопје на 12 Декември организираше Новогодишен настан за 100 деца со посебни потреби, деца со воспитно социјални проблеми и деца од ранливи категории семејства во Театарот за деца и млади.
Театарска претстава беше реализирана и на 26 Декември во ДХО Даре Џамбаз и на истата беше изведена тетарската претстава Замрзнатиот дворец во ноќта на волшебствата по сценарио и режија на Татјана Гоговска.
На предновогодишниот настан присуствуваа децата од специјалното училиште Златан Сремац, децата од центарот во Топаанско поле МИР како и дечиња од семајства на лекувани алкохоличараи. За сите нив, по завршување на претставата, беа поделени подароци подготвени од Црвен крст и ЕВН Македонија.