Предизвици од мигрантската криза и научени лекции
Во рамки на ЕУ проектот „Создаваме заедно – Мониторинг и и застапување на заедницата“, финансиран од ЕУ во соработка со Конрад Аденауер, а во имплементација на Здружение на правници на РМ и НВО Атина од Р. Србија , Црвен крст на град Скопје реализираше работилница за 35 лица, на тема Предизвици од мигрантската криза и научени лекции. Работилницата се спроведе од 2-4 мај, во Тренинг центарот Солферино- Струга, а учесници беа волонтери активно вклучени во мигрантската криза, членови на мрежата од НВО сектор која работи на ова поле, претставници од ЦУК и меѓународни организации, но и млади – потенцијални волонтери кои би се вклучиле во ваков вид кризни состојби. Работилницата имаше за цел споделување на искуствата од досегашните активности, но и да се унапреди работата согласно научените лекции и препораки изнесени од учесниците.
По завршување на работилницата, следуваат активности на терен и тоа во локалните самоуправи на територија на град Скопје, училишните клубови, за членови и волонтери од општинските организации на ЦК во град Скопје. Преку овие работилници ќе се дисеминира улогата на ЦК во мигрантската криза, а ќе се поттикнат и останатите субјекти за поактивен пристап, надминување на стереотипи и предрасуди како и недискриминација.