2020-02-19
Предавање за шеќерна болест за лицата со оштетен вид
На ден 14.02.2020 година во рамките на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид при Црвен крст на Град Скопје, во просториите на Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје се одржа предавање за шеќерна болест.
Темата опфати повеќе содржини како дефинирање на болеста видови, симптоми, медицинско третирање и превенција и рано откривање. Сите присутни корисници на работилницата можеа да добијат соодветни одговори и совети за оваа болест како и да се информираат подетално за истата.
На здравственото предавање присуствуваа 13 корисници на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид, еден стручен претставник од Центарот за поддршка како и еден соработник од Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје.