Празнична донација на ОКТА за социјално ранливи граѓани
Во пресрет на божиќните празници, ОКТА обезбеди помош за социјално ранливите категории сограѓани – стари и немоќни лица кои се без примања или пак со ниски пензии. Лицата беа посетени во нивните домови од страна на медицинските сестри и волонтери од проектот Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови. Дистрибуираната хуманитарната помош во вид на пакети со прехранбени производи, во голема мерка го олеснува нивното секојдневие посебно на прагот на зимскиот период.
Вработените и менаџментот на ОКТА години наназад организираат крводарителски акции, се вклучуваатво хуманитарни иницијативи на Црвениот крст и се пример за општествено одговорна компанија чија поддршка ја насочуваме кон ранливото население, кон оние кои се на маргините на општеството и на кои поддршка им е повеќе од неопходна.