Пребарувај по датум:
2018-06-23

Практична настава за идните негуватели во старски дом „Идила Терзиева“

Од 01.06 до 12.06.2018 година кандидатите од вториот циклус на обуки за негуватели на стари и немоќни лица, при Црвен крст на Република Македонија, ќе ја реализираат практичната настава во домот за стари лица – Идила Терзиева.

Со тоа идните негуватели ќе се стекнат со основни и напредни знаења и вештини во практична работа со стари и немоќни лица.По завршениот прв ден, одговорното лице за пракса во домот даде позитивна критика за нивната работа, нивниот голем интерес и афинитети кон работата со старите и немоќни лица. По завршувањето на практичната настава во институција, ќе следи праксата во домашни услови кај немоќни и стари лица.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.