Пребарувај по датум:
2022-12-16

Позитивни примери

И оваа година, учениците од ОУ “11 Октомври” реализираа две новогодишни работилници преку кои собраа парични средства и обезбедија подароци. Учениците и нивните наставниците се позитивен пример за поттикнување и негување на хуманост во нашето општество.  Подароците се наменети за децата сместени во згрижувачки семејства кои своите желби ги испишаа на Волшебната елка на желби поставена во Рамстор.

Оваа активност е традиционална и веќе десетина години се организира преку Црвен крст на град Скопје. Годининава ќе бидат опфатени 150 деца сместени во згрижувачки семејства, а доделувањето на подароците ќе се реализира на 29 декември во ТЦ Рамстор.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.