2021-03-10
Позитивен пример
Во просториите на Центарот за крводарителство на Црвен крст, крв даруваа 4 лица- баратели на азил во РСМ кои престојуваат во прифатниот центар Визбегово. Нивниот придонес е значаен за нас бидејќи покажаа дека дарувањето крв не познава различности. Работењето, активностите кои ги реализиравме со нив изминатата година во рамки на проектот за поддршка на рана интеграција поддржан од UNKCR Скопје беа дополнителен поттик за да и тие го дадат својот придонес во заедницата.