Позитивен пример за општествена одговорност
Во рамките на кампањата по повод Меѓународниот Ден на гладта (16 Октомври до 13 Ноември 2012 година) на територија на град Скопје како пример за општествена одговорност ја истакнуваме поддршката на вработените во компаниите ОКТА и ОНЕ.
Активноста во а. д. ОКТА беше во организација на ОО на Црвен крст ОКТА, а ја поддржаа Главниот извршен директор, синдикатот и Активот на жени ОКТА.
Во рамките на истата вработените се откажаа од еден оброк, а средствата ги донираа за кампањата. Од собраните средства (67 000 денари) ќе бидат изработени 100 пакети со прехрамбени продукти наменети за социјално ранливи семејства.
Слична активност беше реализирана и во компанијата ОНЕ каде вработените на наменски поставен штанд во нивната компанија донираа прехрамбени продукти и финансиски средства кои исто така ќе се употребат за ранливите категории население.
Поодршката од а.д. ОКТА и ОНЕ се примери за општествена одговорност која треба да ги мотивира и останати компании за значењето на овој вид одговорност кон заедницата.