ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ИНСТИТУТ ЗА ЕТНОЛОГИЈА И АНТРОПОЛИГИЈА(ИЕА) И ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ
Црвениот крст на град Скопје(ЦКГС) и Институтот за Етнологија и Антропологија(ИЕА) минатата недела потпишаа меморандум за сорабтока во знак на досегашните и идните активности.
Црвениот крст на град Скопје(ЦКГС) и Институтот за Етнологија и Антропологија(ИЕА) минатата недела потпишаа меморандум за сорабтока во знак на досегашните и идните активности.
Покрај институтционалната соработка која и досега се манифестираше во споделвуање на знаењата во стручните области на соработниците, ИЕА и ЦКГС овој пат ќе реалзиираат заеднички активности посветени на студентите и волонтерите.
Идејата за наредна поголема активност која заеднички би се имплементирала е во рамките на проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“.
Двете институции токму во силата која на терен ја носат волонтерите, а стручното знаење од областа кое го поседуваат студентите на ИЕА го прнајдоа вистинскиот начин за утврдување на приаказните кои старите лица во домашни услови и во дневниот центар ги носат и се вредни за споделување.
На тој начин ќе се оствари меѓусебна смена на знаења и вештини од стручнат област на антропологијата и етнологијата но и човековите вредности и хуманоста за која волонтерите се најверодостојните амбасадори.
Истовремено, старите лица ќе бидат анимирани и ќе се оствари дополнителен чекор во поттикнувањето на активното стареење.