Пребарувај по датум:
2019-07-09

Посета од страна на донаторот за третиот циклус на обуки за лични асистенти

Во рамките на програмата Личен асистен на лица со попреченост при Црвен крст на град Скопје се реализира третиот циклус на обуки за личен асистент. На 25.06.2019 во најавена посета дојдоа претставнци од Црквата  на Исус Христос на светците од подоцнежните дни со цел запознавање на учесниците на овие обуки, нивно охрабрување и мотивирање со цел унапредување на квалитетот на живот на лицата со попреченост. Покрај оваа програма за која што тие најавија континуирана поддршка, тие исто така се големи поддржувачи и во другите програми во рамките на Црвениот крст на град Скопје, чија целна група се ранлива категорија на луѓе. Со овие обуки опфатени се 17 учесници, кои по стекнување со сертификат ќе имат можност да ја испорачуваат услугата кај корисниците со попреченост.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.