2019-03-07
Посета на жените сместени на Клиника за онкологија
Во пресрет на празникот 8ми март, волонтерите од Клуб на млади при Црвен крст на град Скопје во соработка со здружението “Животна искра” традиционално ги посетија пациентките на клиниката за онкологија. Оваа година присутни беа и претставници од хотел Мериот како и претставници од студентската организацја ЕМСА каде минатата недела се оддржа концерт “Љубовни ноти” на кој и се зборуваше за празникот на жената а и самата активност.
На пациентките им се подарија пригодни подароци, мал гест во знак на внимание и поддршка.