Посета на Телемарк Црвен крст-Норвешка
Во рамки на Твининг програмата помеѓу Telemark Røde Kors и Црвениот крст на град Скопје, 18 претставници-волонтери и стручна служба,во периодот од 28 септември до 01 октомври престојуваа во област Телемарк-Норвешка. Целта на посетата е размена на искуства помеѓу волонтерите од двете организации и креирање на програма за заеднички активности за 2019-2020 година. Волонтерите кои беа дел од оваа посета се од различни оддели и истите имаа можности да ги презентираат своите волонтерски ангажмани. Во рамките на посетата беше посетено и кафулето “Куќата на Анри Динан” кое функционира како кафуле каде граѓаните, особено они со социјален ризик, може да добијат оброк, а младите го користат како простор за учење и разонода. Како дел од заедничките активности, во месец ноември оваа година, делегација од Телемарк ќе присуствува на Годишното собрание на Црвен крст на град Скопје.