Пребарувај по датум:
2019-04-16

Посета на собрание на Црвен крст Телемарк

Во рамките на твининг програмата која веќе трета година успешно се имплементира помеѓу Црвен крст на град Скопје и Црвен крст Телемарк се реализираше посета на собрание на Црвен крст Телемарк – Норвешка и општински организации на Црвен крст Телемарк од страна на тим од Црвен крст на град Скопје.

Троица претставници од Црвен крст на град Скопје имаа можност да го проследат собранието на Црвен крст Телемарк, во градот Врадел заедно со 200 членови на Црвен крст Телемарк и да добијат знаења за програмите, активностите, начинот на функционирање, капацитетите и потребите на Црвен крст Телемарк. Собранието го отвори г-динот Роберт Муд, претседател на Црвен крст на Норвешка и г-ѓа Туна Сисел Кисел, претседателка на Црвен крст Телемарк, меѓу другото истакнувајќи ги позитивните резултати на твининг програмите во нашите две земји. Воедно на собраните беа презентирани социјалните сервиси, програмите и активностите на Црвен крст на град Скопје.

Оваа посета е една од многуте посети кои се реализираат во Телемарк Црвен крст и Црвен крст на град Скопје, при што различни претставници од Црвен крст на град Скопје и Црвен крст Телемарк имаат можност да ги посетат двете земји и да го разменат своето искуство, подобрувајќи се. Твининг програмата се реализира со детално утврден план на акција и временска рамка, се со специфична цел двете национални друштва преку поголема дисеминација и споделувања на идеи и искуства да остварат што подобри резултати во двете земји и поуспешно помогнат на потребите на локалното население.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.