Пребарувај по датум:
2016-07-18

Посета на Р.Србија и камповите за мигранти 14 – 16 Јули 2016

Делегација од 8 члена од Црвен крст на Р.Македонија, лица кои се ангажирани во двата транзитни центри во Р.Македонија, беа во студиска посета на Р.Србија од 14 до 16 јули 2016 година.

Целта на посетата беше споделување на искуства на двете Национални друштва за време на мигранстската криза. Беа посетени трите кампови и тоа во Прешево, Крњач и Шид за да се види функционирањето на терен. Најголем број на  мигранти кои престојуваат во камповите се од Авганистан, Пакистан и мал дел од Сирија. Црвен крст на Србија ги обезбедува мигрантите со храна, вода, хигиенски производи и облека.
Ваквиот тип на посети е од голема корист за членовите на тимовите со цел споделување и размена на искуства.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.