Пребарувај по датум:
2012-07-30

ПОСЕТА НА ОЛИМПИСКИ БАЗЕН

Во рамките на програмските летни активности на Едукативниот центар, како и во летниот период од минатата година, по втор пат на 19.07.2012 година, на 10 најактивни и најредовни деца од бегалската заедница кои редовно го посетуваат Центарот, им беше овозможен 3 часовен престој во Олимпискиот базен во Скопје.

Во текот на рекреационото пливање, децата заедно со 2 вработени од Центарот за поддршка, се запознаа со работата на базенот како и со екипата за укажување на прва помош во вода од Црвен крст на град Скопје.
Децата уживаа во пливањето и сончањето во текот на престојот на Олимпискиот базен.
Целта на посетата на Олимпискиот базен во Скопје покрај наградувањето на најредовните деца како и резултатот на нивниот вложен труд во активностите на Центарот беше исто така и освежување поради топлотниот бран во Скопје.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.