2018-11-14
Посета на НУ Археолошки музеј на Македонија
Во рамкте на прокетот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” при Црвен крст на град Скопје во програмските активности на дневните центри еднаш во месецот се организираат прошетки во природа или посета на културни знаменитости. Овој месец лицата во трето доба го посетија НУ Археолошки музеј на Македонија. Основната цел на посета на овој музеј беше лицата во трето доба да се запознаат со археолошката збирка во периодите од неолитот до средновековието низ артефакти кои потекнуваат од главните археолошки наоѓалишта, урбани центри и некрополи.