2022-03-09
Посета на МНТ
Во рамките на социјалниот сервис “Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” при Црвен крст на РСМ-Црвен крст на град Скопје, а по повод Меѓународниот ден на жената, оваа година се реализираше посета на Македонскиот Народен Театар во кој корисничките уживаа во прекрасна претстава.
Секогаш овозможуваме дружење и потсетување дека Црвен крст е секогаш тука за да подари љубов и внимание.