Посета на Министерката за труд и социјална политика на Дневниот центар за активно стареење во Чаир
На 16.03.2023 година се реализираше посета од страна на Министерката за труд и социјална политика г-ѓа Јована Тренчевска на Дневниот центар за активно стареење во Чаир. Со поддршка на Светска банка, во рамките на за лиценирање на сервисите и услугите во нашата земја ова е прв лиценциран сервис во нашата држава. Посетата беше со цел да се презентираат програмата, активностите и функционирањето на центарот, но меѓу другото и да се споделат позитивните практики и реформи кои ќе следуваат за подобрување на правата на лицата во трето доба, да се споделат идеите и законски измени. Воедно, корисниците на центарот имаа прилика директно да се видат со Министерката, да разговараат, да даваат свои предлози, раскажат проблеми со кои се соочуваат и за кои им треба помош од институциите да ги решат и да лобираат за подобрување на своите права. Црвен крст на град Скопје, освен како институција која нуди хуманост, помош и поддршка на ранливите катогории во континуитет, дејствува и како организација која преку различните сервиси и програми се залага за глас на ранливите категории до институции, со цел да се подобри квалитет на живот на граѓаните во ова општество.
ЗАЕДНО СМЕ!
#СеГрижиме #МТСП #ППСУ
Црвен крст на град Скопје/City Red Cross of Skopje
Проектот за подобрување на социјалните услуги кој го спроведува МТСП