2019-11-04
Посета на Институтот за Трансфузиона медицина
Волонтерите од Клуб 25- клуб на млад крводарители и мотиватори и дел од вработените лица во Црвен крст, го посетија Институтот за Трансфузиона медицина (ИТМ). Целта на посетата беше да се запознаат со „патот на даруваната крв“ односно процесот кој следува по дарувањето крв – преработка и сепарација на крвни елементи начинот на кој тоа се прави и дистрибуцијата на елементите на крвта. Посетени беа неколку оддели, а со посебно внимание беше проследена презентацијата како и на кој начин се даруваат тромбоцити. Волонтерите и вработените лица ги поздрави Д-р Седула Усеини директор на ИТМ, а сите прашања поврзани со дејноста на ИТМ одговори даде Д-р Горан Андонов од одделот за планирање, организација и мотивација во крводарителството.