Посета на домот за стари лица мајка Тереза
Црвениот крст на град Скопје традиционално се вклучува во одбележување на неделата за грижа на старите лица( 17-23.11) со цел покажување грижа и почит кон старите лица, подддршка и помоШ за подобрување на условите за живот и нивното здравје.
Во рамките на оваа недела на 20.11.2008, младите го посетија домот за стари лица Мјака Тереза во ЗлокуЌани. Во рамките на оваа посета за жителите на домот Мајка Тереза им беа подарени витамински напитоци и таблети, а за најстарата 90 годиШна жителка следуваШе посебна награда.
При посетата на домот 100- те стари лица беа почестени со торта, а нивните насмевки и нескриената радост причинија големо задоволство на младите на Црвениот крст на град Скопје.
И оваа како и претходните години несебична поддрШка во реализирање на активностите добиваме и од мобилниот оператор КОСМОФОН. За потребите на старите лица сместени во домови, и подобрување на условите за живот на истите, отворена е телефонската линија 075/ 140- 100, на која со повик или смс порака се донираат 50 денари. Линијата Ќе биде отворена до крајот на месец Ноември, а средствата Ќе се искористат за подобрување на условите за живот на старите лица во домот ЗлокуЌани.
Со овие активности Црвениот Крст на град Скопје се вклучува во одбележувањето на неделата за грижа кон старите лица, давајЌи на свој начин придонес во подигање на свеста во околината за потребното внимание и грижа кон постарите лица, покажувајЌи грижа и разбирање кон нив, за тие да се почувствуваат повеЌе сакани, и достојно да ја живеат својата старост.