Посета на дневниот центар за стари лица Чаир од делегација од Светска банка и претставници од МТСП
На 14.02.2023 се оствари посета од страна на делегација од Светска банка од Вашинготн и претставници од МТСП на дневниот центар за стари лица во Чаир, при Црвен крст на град Скопје. Овој дневен центар е првиот лиценциран дневен центар за активно стареење на територија на цела држава, според светски критериуми и стандарди, со цел корисниците на дневниот центар за активно стареење да можат да ги уживаат активностите и програмата на центарот според универзални практики. Лиценцирањето на овој дневен центар беше поддржано од страна на проект на МТСП, финансики помогнат од Светска банка.
На заедничката средба тимот на Црвен крст на град Скопје, заедно со корисниците на дневниот центар ја презентираа програмата, разновидните активности, резултатите кои се постигнаа од октомври месец 2022ра година до сега. Сервисот во континуитет продолжува со реализација на позитивните активности од програмата кои поттикнуваат квалитетен и богат тек на живот на лицата во трето доба, активно стареење, доживотна едукација и социјализација, лобирање за подобрување на правата на лицата во трето доба во нашата заедница и иницираат хуманост и волонтирање кај лицата во трето доба.