2024-12-26
Посета на ,,Дневен центар за деца на улица’’ во Шуто Оризари
Корисниците од ,,Дневниот престој за стари лица за активно стареење’’ го посетија ,,Дневниот центар за деца на улица’’ во Шуто Оризари. На сите деца кои го посетуваат центарот се поделија повеќе од 30 капчиња и шалчиња сплетени од вештите раце на лицата во трето доба.
Целта на оваа активност е да се даде поддршкана во ладните денови кои ни престојат како и да се потикне волонтеризмот кај повозрасната популација.