Помош и поддршка на лицата во трето доба во кризна состојба
Медицински персонал посетуваат лица во трето доба на територија на град Скопје во кризна состојба со цел помош на најранливата категорија на граѓани за спречување на ширење на COVID – 19. Тие ги извршуваат основните здравствени прегледи на старите лица мерење на крвен притисок и гликемија, советување за терапија, пазарување на прехранбени продукти и хигена, набавка на рецепти од матичен лекар и набавка на лекови, дистрибуција на прехранбени пакети и пакети за дезинфекција и хигена за социјално ранливи стари лица. Посетени се повеќе од 400 стари лица, на дневна основа се реализира во просек 10 до 15 повици за психосоцијална поддршка на стари лица од страна на обучен тим за давање на психосоцијална поддршка.
Финансиските средства за реализација на овие активности на Црвениот крст се обезбедени од Фондацијата на Coca-Cola компанијата и Пивара Скопје.“