Пребарувај по датум:
2020-10-26

ПОМОШ И НЕГА ВО ДОМОТ ЗА ПОВОЗРАСНИТЕ ЛИЦА ОД КАРПОШ

Помош и нега за 60 возрасни и изнемоштени лица од општина Карпош, се овозможува со Проектот за подобрување на социјални услуги, кој ќе го спроведе Општина Карпош во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Црвениот крст на Град Скопје.

Имено, со услугата се обезбедува медицинска поддршка, помош при чистење, готвење, хранење, како и купување на намирници на оние на кои им е најпотребно.

Денеска, во Клубот на пратеници, беше потпишан Договорот за реализација на овој проект.

Во периодот кој следи ќе се обучат 20 негуватели за помош и нега во домот, кои по добивањето на сертификат ќе бидат вклучени во теренски посети кај лица кои имаат потреба од поддршка. Во почетокот на 2021 година веќе ќе се започне со давање на услугата во домот.

Истовремено, ќе биде адаптирана инфо канцеларија, која ќе биде наменета за информирање на граѓаните за овој тип на помош и начинот на кој ќе може да аплицираат.

Локалната самоуправа заедно со Црвениот крат на град Скопје продолжуваат со континуираната грижа и поддршка за сите генерации граѓани.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.