Пребарувај по датум:
2011-10-26

,, Помислете и на нас,, Кампања за одбележување на Денот на гладта ЦК на град Скопје и ООЦК на територија на град Скопје

Црвениот крст на град Скопје и ООЦК традиционално се вклучува со активности и посебна програма по повод одбележувањето на 16 Октомври – Меѓународниот ден на гладта .

Со оваа активност, наменета за помош на најранливото население во земјата, во голема мерка успеваме да ја покренеме свеста кај пошироката јавност за проблемите со гладта, како и обезбедување на помош и поддршка за ранливото население во нашиот град и околината.
Активностите во кампањата по повод ,,Денот на гладта,, ќе се одвиваат во периодот од 16 Октомври до 13 Ноември 2011 година.
Целокупната кампања е во насока на подигнување на свеста за проблемите со гладта и сиромаштијата, помош и поддршка кон ранливи групи население.
Од собраните средства и прехрамбени продукти планирано е да се подготват и дистрибуираат пакети на социјално загрозени семејства и лица со посебни потреби во рурални средини.
Во рамките на одбележувањето на Неделата на борба против глад, ќе бидат реализирани неколку активности. На територија на град Скопје испратени се 4000 ваучери до фирми , компании, продавници.
На 16 Октомври клубовите на млади на наменски поставени штандови во ТЦ Рамстор и ТЦ Веро ја промовираа активноста преку продажба на шољи и вредносни бонови како начин на собирање на парични средства.
Вакви штадови ќе има и во поголемите маркети низ градот (СП маркет, Веро, Тинекс) како и на отворени локации низ градот во периодот до 13 Ноември.
Штандови за донирање на донирање на храна и парични средства ќе бидат реализирани и во компанијата ОНЕ и Студио модерна. Штанд за продажба на шољи и собирна акција за храна е поставен и во Американското училиште НОВА.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.