Пребарувај по датум:
2020-11-13

,, Помислете и на нас “

,, Помислете и на нас “

Ширењето  на КОВИД – 19 низ земјите во светот драматично влијае на најсиромашните заедници, што значи дека луѓето може да се соочат со сериозна несигурност во обезбедување на  храна. Ваквите предизвици имаат влијанија и во нашата земја и непосредно се рефлектираат во справувањето со ранливоста на населението .

Црвен крст на град Скопје ја реализираше активноста под мотото ,, Помислете и на нас “ . Целта на истата беше подигнување на свеста за донирање храна но и поттикнување на солидарност меѓу граѓаните и компаниите. Благодарност до вработените од  Silk road bank, Ramstore mall,  Жито лукс и White horse кои донираа и дадоа поддршка . Се собра 1 тон храна , а од донираните артикли ќе се изготват пакети кои ќе се дистрибуираат до социјално ранливо население.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.