Пребарувај по датум:
2010-12-05

Помислете и на нас

Црвениот крст на град Скопје во соработка со 5-те ООЦК традиционално се вклучува со активности и посебна програма по повод одбележувањето на 16 Октомври –  Меѓународниот  ден на гладта.

Со оваа активност, наменета за помош на најранливото население во земјата, во голема мерка успеваме да ја покренеме свеста кај пошироката јавност за проблемите со гладта, како и обезбедување на помош и поддршка за ранливото население во нашиот град и околината.
Со кампањата се мобилизираат волонтерите на Црвениот крст, но и се мотивираа граѓаните да се вклучат за меѓусебна помош и поддршка.

5-те ООЦК да ги дистриубуираат писмата /барања за донација до сите форми регистрирани како трговци поединци (ТП) на територија на нивната општинска организација, или во просек беа опфатени по 700 ТП на територија на секоја ООЦК. Црвен крст на град Скопје ги покри поголемите фирми/институции на територија на град Скопје чии број е околу 400.

Во склоп на големата крводарителска акција во Амбасадата на Америка беше поставен пункт за собирање на прехрамбени продукти. Согласно претходно добиените препораки од наша страна, донирана беше околу 2.5 т. храна со подолг рок на употреба наменета за престојниот зимски период.

Како дел од активностите за донирање на донирање на храна и парични средства поставени беа штандови во компанијата ОНЕ, Студио модерна, Кореа аутодрејд и во СИВУС. 
Преку овие активности вработените во компаниите ја покажаа нивната социјална одговорност

Штанд за продажба на шољи и собирна акција за храна беше поставен и во Американското училиште НОВА, а ООЦК реализираа продажба на вредносни бонови преку поставување на 4 пунктови на атрактивни локации во рамките на нивните општини.

По завршувањето на активностите на ниво на град Скопје формирани се 390 семејни пакети и истите се дистрибуирани во рурални средини (мултиетнички), на лица со посебни потреби и на стари и изнемоштени лица.

Сите овие активности беа насочени кон подигнување на свеста за проблемите со гладта и сиромаштијата,  помош и поддршка кон ранливи групи население.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.